Професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализа на состојбата со Ковид-19 во Македонија и светот, посочувајќи студија на scientificamerican.com, коментира дека вакцините против Ковид-19 не ги оштетуваат репродуктивната или сексуалната функција, но Ковид-19 ги оштетува и двете функции.
“Вакцините против Ковид-19 не покажуваат знаци за оштетување на репродуктивната или сексуална функција.
За разлика од нив, токму корона вирусот кај невакцинираните мажи и жени ги оштетува двете функции.
Така вели ова научно списание. Кој не верува, може да си ја проба среќата со корона вирусот и да се надева дека можеби нема да му бидат оштетени тие функции“, пишува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Трајковски за искуствата со пациенти со делта сојот: Болеста прогресира за само 24 часа
Фото: Фејсбук/Трајковски