еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Невакцинираните имаат за 7,7 пати поголеми шанси да умрат од Ковид-19 од вакцинираните

Ви ја пренесуваме најновата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

Иако со голо око не може да се види никакво приближување на врвот, фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на првата слика) сепак ги покажува првите знаци на исцрпување на растот.

Сината линија веќе започнува да преминува кон хоризонтала, па иако на дијаграмот не е прикажана екстрапололација во иднина, врвот на активните случаи се очекува околу 10 септември, околу една недела по врвот на заразувањето, како што засега стојат работите.

Околу 10 септември се очекува и врвот на активно хоспитализираните, чиј број може да достигне двојно од сегашните 700-800, под услов во останатите општини, надвор од Северозападот, да има слична стапка на хоспитализации.

Меѓутоа, заради повисокиот опфат со вакцинација, би било реално да се очекува дека таму нема да има толкав притисок врз болниците.

Последниве денови осетно подзабави намалувањето на преносливоста на заразата, мерена преку факторите на раст на дневните броеви на новодијагностицирани (на втората слика).

Ако пред една недела врвот изгледаше на дофат на рака (по само 10 дена), сега тој ни се оддалечува, наместо да се приближува – како некаква фатаморгана.

Со моменталното темпо на намалување на преносливоста врвот на заразувањето сега е поместен на првите денови на септември.

Ова пролонгирање ќе донесе и поголеми максимални дневни броеви на случаи (на дијаграмот на третата слика), но мора да се каже дека мали отстапувања во предвидувањето на денот на врвот носат големи грешки кај максималниот број.

Доколку врвот навистина настапи по 13 дена, тогаш одново ја вадиме на маса бројката од 2.000 случаи дневно. Во секој случај, ќе бидат над 1.700.

Да се вратиме повторно на бројот на активните случаи.

Бидејќи и овој врв ќе доцни (предвидувањето е за 10 септември), прашање е дали и колкаво намалување ќе видиме, затоа што веќе од 20 септември, по аналогија со минатата година, ќе започне есенскиот раст на преносливоста.

Тоа би значело дека во есенскиот бран би влегле со речиси полни болници (освен ако поради поголемиот опфат со вакцинација опадне хоспитализираноста), а би доаѓале се поголем број нови случаи.

Тоа е неминовност, затоа што сега сепак уживаме во малку помалата преносливост поради летото.

Но, октомври е далеку, па засега подобро да се задржиме на сегашната слика.

Што се однесува до стапката на леталитет, таа сé уште е повисока од просекот од 3,54%. Има повеќе објаснувања за оваа појава.

Прво, се забележува скратување на просечното време од дијагностицирањето до смртниот исход, што можеби дава лажно поголема стапка на леталитет.

Ако порано ова време било околу 12 дена, сега е скратено на околу 7 дена.

Скратено е и времето од отворање до затворање на случаите. Ако порано имаше доцнење со затворањата на случаевите и трупање на активните случаи, сега тоа го нема.

Со Делта сојот сé е забрзано, дури и временскиот интервал на инкубација.

Втора причина за високиот леталитет би можело да биде домашното тестирање на корона со брзите тестови од аптека. Поради тоа имаме малку дијагностицирани при многу смртни случаи.

Трето, можно е болните предоцна да одат на доктор, мислејќи дека се настинати „од ладен Швепс или од клима уредот“, а познато е дека шансите за преживување се намалуваат колку што подоцна се започнува со лекувањето.

Не мора да значи дека ваквиот висок леталитет ќе продолжи, бидејќи во остатокот од државата опфатот со вакцинација е повисок, а врз основа на минатонеделните статистики во Македонија, шансите за смртен исход кај вакцинираните стари лица (намалувањето на ризикот, односно ефективноста на вакцините) изнесуваше околу 87%.

Со други зборови, невакцинираните имаат за 7,7 пати поголеми шанси да умрат од ковид од вакцинираните. Но, ова ќе го разгледаме одделно“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнува луѓе во затворен простор

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Професор Трајковски: Луѓе со симптоми на Ковид-19 се тестираат дома и непречено се шетаат наоколу и го расејуваат вирусот

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на Меморандумите со Северна Македонија, порачуваат од Грција

Редакција

Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не бара помош од Кина, велат од Кремљ

Редакција

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција