еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на Меморандумите со Северна Македонија, порачуваат од Грција

Изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите се покажува како правилен избор, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во земјава, но и за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за употребата на името Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Владата нема да се вмеша во внатрешните работи што во моментов се во тек во Северна Македонија.

Како и да е, може да се сфати дека нашиот избор да не брзаме со ратификување на меморандумите во изминатиот период, се покажува дека е избор што всушност е точен и правилен, со фактот што меморандумите претставуваат еден механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот, рече Иконому.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе, порачуваат од Грција

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат од Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок за настаните од 27 април: Нухиу за Чавков „кај е овој не се јавува, ги утепаа пратениците“

Редакција

(Видео) Додека тресеше земјотресот во Турција медицински сестри трчаа да спасат бебиња во инкубатори

Редакција

Нова јавна кавга меѓу Пендаровски и Мицкоски

Редакција