еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува големиот интерес за вакцинација, вчера се вакцинирале 13.303 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Како што соопшти Министерство, во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.

Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, а 65 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вкупно 56 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа, се наведува во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Бугарија и С.Македонија да изнајдат решени за разликите, ЕК ќе помогне колку што може

Редакција

Избеганиот азилант Груевски доби притвор од 30 дена за „Талир“ на СЈО

Редакција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски позитивен на Ковид-19

Редакција