еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

39-годишна пациентка од Тетово починала од Ковид-19, имала хронично заболување

39-годишна жена која имала претходно хронично заболување, е најмладата од петмината починати пациенти од Ковид-19, јавува телевизија „Телма“.

-На болничко лекување се 123 пациенти. Иако со мала нијанса на подобрување, состојбата со пандемијата во тетовскиот регион сè уште е критична, оценува доктор Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот.

Доктор Нуредини вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да не го продолжат ланецот на ширење на заразата, особено поради фактот дека најголем број од хоспитализираните, но и починати не се вакцинирани.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегација на ЕУ: Македонија неможе да премине во следната фаза од преговорите без уставните измени

Редакција

Убава вест: Во Прилеп втор ден без новозаболени од Ковид-19

Редакција

Пратениците од власта не прифатија да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс за Џафери

Редакција