еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред седиштето на партијата.

Тој посочи дека Град Скопје доживува стагнација и не се развива, посочи на проблемите на скопјани, на капиталните проекти кои, како што рече, не се реализирани. Според  него, на Скопје му е потребен способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните и ќе гарантира негов развој.

Потенцира дека Арсовска има импозантна биографија, признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.

-Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите, сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје, нагласи Мицкоски.

Тој е убеден дека Арсовска ќе победи на претстојните локални избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека Арсовска доставила програма, визија и стратегија до ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека разговарале за иднината на Скопје во следните четири години. Потенцира дека партијата донела едногласна одлука да ја поддржи Арсовска. Мицкоски додаде дека тие не ја кандидирале Арсовска, туку скопјани со собрани потписи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои во текот на утрешнииот ден ќе бидат соопштени на прес-конференција.

– Онаму каде ВМРО-ДПМНЕ ќе кандидира градоначалници, очекуваме поддршка од колаицијата Алијанса за Албанците и од Алтернатива во скопските општини Бутел, Гази Баба и уште во неколку други општини низ Македонија, рече Мицкоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на АА и Алтернатива во Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данела Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција

Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, на германските компании во земјава им фали стручен кадар

Редакција