Засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се пациенти со трансплантации и пациенти кои се на хронична дијализа. Европската се уште ја нема дадено таа препорака, така да уште сме во фаза кога ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии на големи серии на пациенти, изјави министерот Венко Филипче во гостувањето во дневникот на „Сител“
Според него, во овој момент се уште траат испитувања во однос на тоа каков ефект има третата доза на вакцина.
„Една од последни студии која излезе беше студијата во Израел, која што укажа на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста после дадена трета доза од вакцините. Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел,“ изјави Филипче.
Тој посочи дека со Фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефиканоста кон сите соеви на вирусот, и кон алфа, бета и делта сојот на вирусот кога станува збор за аплицирање на трета, односно бустер доза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител, вели Филипче
Фото: МЗ