еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отстрането бугарското знаме од конзулатот во Битола, МНР со осуда

Македонското Министерството за надворешни работи најостро го осуди оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

–Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град, се вели во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на Мечкин камен, Пендаровски на Водно, Џафери во Пелинце за Илинден

Редакција

Газпром нема да испорачува гас за Европа преку Северен тек 1, цената драстично поскапе

Редакција

Италија протера македонски државјанин поради тероризам

Редакција