еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тестирање на границите нема да има, мерките за излез од Македонија биле за да не сме извозник на вирусот, велат од Владата

Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

– Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот.

Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува, изјави портаролот на Владата, Мухамет Хоџа.

Од таму одговорија и на прашањето зошто потврдата за прележаност не трае повеќе од 45 дена, барем шест месеци како што е пракса во сите други држави.

– Сите мерки кој ги носи Владата на Република Северна Македонија се по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие документи треба да се приложат при излез од нашата држава.

Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и ПЦР негативен 72 часа, изјави Хоџа и додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И за излез од Македонија ќе Ви треба тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корупција, користење на дупки во законите, економска неизвесност на глобален план-се главни проблеми за работа на германските компании во државата

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Арбен Зибери

Редакција

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара СОНК

Редакција