еМагазин
Image default
Македонија

Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“

Зоран Милески – Кичеец, кој издржува затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга, според болнични извори, е еден од учесниците во сообраќајната несреќа, која се случи попладневно на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта.

Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.

За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции велат дека тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

-Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата.

Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

-Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата.

Зоран Милески призна вина за случајот „Рекет“, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски и спогодбено доби најниската затворска казна. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Тој на 26 октомври 2020 влезе во Казнено поправниот дом (КПД) Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милески – Кичеец меѓу повредените во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 578 лица за неносење маска

Редакција

Одоложено судењето за „Топлик“ на СЈО

Редакција

Заев го замоли папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата

Редакција