еМагазин
Image default
Македонија

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Телевизијата Телма објави дека приведениот македонски дипломат со меѓународна потерница, Миле Миленкоски од Ерменија помогнал во бегство на друг македонски државјанин осомничен во милионскиот скандал со неизградени патишта за што меѓу првообвинетите и е бизнисменот Левон Саркисјан.

Информацијата за Телма ја потврдиле од државното Обвинителство во Ереван, Ерменија.

Според телевизијата Миленкоски со приватен авион најверојатно од Украина го извлекол осомничениот Бранислав Димитриевиќ, кој користел туѓ македонски пасош.

Во истиот период од радарот на ерменското Обвинителство исчезнале Левон Саркисјан и уште двајца осомничени функционери кои се товарат за милионски измами и перење пари, па сега според телевизијата се истражува дали “сомнителната македонска дипломатска свита му помогнала и на Ерменецот да избега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров за приведениот дипломат: Во 2019 година се добиени првите индиции, но немаше потерница или пресуда

Вработен во Министерството за надворешни работи притворен во Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска двојни избори во Македонија, искористете го своето гласачко право

Редакција

23,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми

Редакција

Од Ковид-19 починаа 12 лица, најмладото на 37-годишна возраст

Редакција