еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: 11% од израелските деца кои се заразиле со коронавирусот сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“

Речиси секое 11-то дете кое било позитивно на коронавирусот, сега искусува долгорочни ефекти од Ковид-19, се вели во студијата на израелското Министерство за здравство.

Сепак, таа бројка исклучително се намалува по неколку месеци. Тешката форма на коронавирусот е почеста кај возрасните, но нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе, кои се повеќе склони кон сериозни компликации, соопшти Министерството.

Телефонското истражување спроведено во јуни собра податоци од родителите на 13.834 деца на возраст од 3 до 18 години кои закрепнале од Ковид-19. Тие беа прашани дали децата покажуваат преостанати симптоми, како што се проблеми со дишењето, летаргија и губење на мирис и вкус.

Заостанати симптоми се пријавени кај 11,2 проценти од децата. Оваа бројка се намали на 1,8 – 4,6 проценти шест месеци по акутната форма на болеста.

Студијата не вклучува податоци за ефектот на вакцинацијата.

Израел неодамна дозволи вакцинација на деца над 12 години. Вакцинацијата на оние над 15 години е дозволена со месеци.

Една неодамнешна британска студија покажа дека едно од седум деца може да покаже симптоми поврзани со коронавирусот, неколку месеци откако ќе има позитивен тест за коронавирусот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на струјата, вели Бислимоски

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на хидротехничка опрема вреден два милиони евра

Редакција

Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Редакција