еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина двегодишно дете донесено во тешка состојба на Детската хирургија, било позитивно и на Ковид-19

Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година му биле направени повеќе хирушки интервенции, имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура, но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби.

Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување.

Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, информираат од Министерството.

Посочуваат дека дека починатото двегодишно дете ќе биде заведено во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асоцијацијата на дадилки бара најостра казна за дадилката што го тепаше двегодишното дете

Редакција

Македонската фудбалска репрезентација изгуби од Холандија

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција