еМагазин
Image default
Балкан

Голема истрага во Турција: Бебиња по грешка вакцинирани против Ковид-19

Турското Министерство за здравство почна истрага за наводите на турски лекар за погрешно администрирани вакцини против Ковид-19 на бебиња во Турција, јави турската телевизија НТВ.

Проф. д-р Зафер Куругауол од Медицинскиот факултет во Измир за телевизијата изјави дека лекарите ненамерно вакцинирале деца под една година против коронавирусот.

Според него, имало случаи во кои бебињата биле погрешно вакцинирани против Ковид-19, наместо со вакцини против хепатитис Б.

Во исто време, Куругауол рече дека не се забележани несакани ефекти кај вакцинираните бебиња.

До денеска, повеќе од 106 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција, а 53 милиони лица со прва доза на вакцина.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, лани 1.992 Македонци добиле бугарско државјанство

Редакција

Грчкото МНР со циркулар ја појаснува правилната примена на Договорот од Преспа

Редакција

(Фото) Температурата минус 4 степени: Во Словенија падна снег

Редакција