еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно и свежо, пообилни врнежи во западните краеви

Претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните краеви каде повремено ќе бидат поројни и каде локално ќе наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната до 18 степени.

Ваквото време ќе се задржи до петок кога претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд

Редакција

Доктор Пановски: „Тргнете ги сертификатите, одложете ја школската година за две недели, нека биде со физичко присуство и без маски“

Редакција

Ленче Ристовска, поранешната обвинителка на СЈО, чека близнаци

Редакција