еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, ни Гевгелија нема да биде поштедена

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“На сликата е прикажан скетер дијаграм за врската помеѓу 14-дневната инциденца на новозаразување и опфатот со вакцинација по градови.

Иако пресметковно се добива извесен коефициент на негативна корелација (r=-0.118), дополнителните анализи покажаа дека корелацијата не е статистички значајна, односно отстапувањата се преголеми.

Со други зборови, поголем опфат со вакцинација нужно не значи помала инциденца на заразување.

Ова го знаеме веќе извесно време преку ефективноста на вакцините против заразување, којашто е во постојано намалување и минатата недела изнесуваше околу 23%.

Со други зборови, поголемиот опфат со вакцинација резултира само со проближно 23% намалување на ризикот од заразување.

Но, тогаш видовме и дека ефективноста против смртен исход е сé уште прилично висока, со околу 89% намалување на шансите за смртен исход во однос на невакцинираната популација.

Од подолниот дијаграм, значи, не можеме да заклучиме дека повеќе вакцинираните општини имале (или дека ќе имаат) помала инциденца на заразување.

Дијаграмот ни покажува дека моментално бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, па дури ни Гевгелија нема да биде поштедена, иако овие последниве две општини имаат прилично висок опфат со вакцинација.

Од друга страна, Гостивар е прикажан со точка во самиот долен лев агол на дијаграмот. Иако Гостивар е негативен рекордер според опфатот со вакцинација и логично би било да се очекува да се наоѓа горе лево на дијаграмот, моментално инциденцата е рекордно ниска – таму бранот веќе завршил.

Со текот на времето, точките од разни градови од долниот дел на дијаграмот ќе се движат нагоре, како што ќе избувнува заразата во тие градови, а потоа ќе се спуштаат надолу. Единствено можеби градовите од левиот дел на дијаграмот (со помал опфат со вакцинации) први ќе започнат да избувнуваат.

Нема да бидат поштедени од заразување ни високовакцинираните (за македонски услови) градови, но благодарение на високата ефективност против смртен исход, во тие градови стапките на хоспитализираност и морталитет би требало да бидат пониски.

Тоа би била впрочем поената, зошто е пожелен висок опфат со вакцинација и зошто вакцинираните не треба да се разочараат од заразувањето. Главната придобивка е спасениот живот“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Исполнети се сите услови за нов бран

(Видео) Проф. Трајковски: „Ако сите беа вакцинирани, во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1.047“

Проф. Трајковски: Преносливоста допрва ќе расте, а поради изминато време од вакцинацијата ќе опаѓа и имунитетот против заразување

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчести имиња во 2020 година

Редакција

Бимилк енергетски се трансформираше со фотоволтаичната централа за создавање обновлива енергија и користење природен гас

Редакција

Курц доаѓа во Македонија пред референдумот

Редакција