Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци.
Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра. Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават.
Монтажната конструкција дополнително е опремена со подвижен елемент, кој со помош на сензор ќе го следи движењето на сонцето, а со тоа и фотонапонските панели во секој момент ќе бидат свртени кон сонцето, што дополнително ја зголемува енергетската ефикасност и добиеното произведено количество на електрична енергија.
При тоа, годишно очекувано производство на електрична енергија е 2000 kWh или 2000 MWh, што одговара на избегнување на емисија од околу 1000 kgCO2/годишно, т.е согорување на 600 килограми јаглен.
Со вакви инвестиции во зелена енергија Свети Николе заедно со инвестициите во фотоволтаични централи кај село Амзабегово од 25 мегавати и ветерниот парк кај село Богословец со капацитет од 36 мегавати ќе биде најголем производител на зелена енергија во државата.
МИА/Фото: МИА