еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на производителите на индустриски производи во јануари зголемени за 11,5%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.1%, а за 11,5% на годишно ниво.

Во јануари 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.3%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1%.

Во јануари 2023, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.4%, во секторот Преработувачка индустрија за 11.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.1%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Фершпед“

Редакција

Зголемен ризик за воспаление на срцевиот мускул по зараза од Ковид-19

Редакција

Општина Гостивар заради пандемијата со Ковид-19 влезе во долг од два милиони евра

Редакција