еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: „Расте прележаноста од Ковид-19 и помал е ризикот од големо избувнување на пандемијата во текот на есента“

Преносливоста на епидемијата останува минимално под единица (Rt = 0,95 ± 0,32) и просекот на дневните броеви на нови случаи продолжува да се намалува просечно за 1,5% дневно, односно околу 10% неделно, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа за состојбата со Ковид-19 во Македонија, заклучно со 8. октомври.

“Но, за прв пат по подолго време забележуваме намалување на стапката на позитивни тестови.

Нејзината седумдневна подвижна средина (црвената линија на вториот дијаграм) полека завртува надолу.

Стапката на позитивни тестови ни кажува можеби и повеќе од самиот број на нови случаи, затоа што поради големото намалување на бројот на тестирањата (при раст на бројот на починати!) новите случаи се помалку ни кажуваат за трендот на епидемијата.

Продолжуваме со прилично големи дневни броеви.

Колку подолго ова трае, расте прележаноста на населението и помал е ризикот од големо избувнување во текот на есента (всушност ние сé уште сме во бранот).

Во идеален случај, како што се зголемува прележаноста, ако рамномерно попушта ефективноста на вакцините против заразување (неделава изнесува само 17%, така што не може уште многу да попушта), тогаш репродукцискиот број може да остане околу единица или малку над неа, односно новиот бран не мора да биде силен.

Прерано е за заклучоци, есента и зимата се пред нас, а прогнозирањето врз основа на прележаноста не е повеќе толку лесна како порано. Сега во анализите влегува уште и опфатот со вакцинација и попуштањето на ефективноста, па варирањето на сите овие фактори многу влијае на прогнозата.

Последниве денови се смирува Скопје, веројатно и Куманово, но некои други помали градови започнуваат да се „будат“. Дури ни Тетово не мирува, единствено Гостивар и Дебар изгледа како да се смириле, но платена е висока цена во човечки животи“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Во Куманово често гледаме над 40% позитивни тестови на Ковид-19, пораст на бројките и во Гевгелија

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Доктор Пановски: „Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Старата против новата гарда во ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молчи Никола Груевски?

Редакција

(Видео) Благој Нацоски „срдечно“ ги поздрави испадите од Бугарија

Редакција

Починаа пет пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција