Македонскиот пливач Александар Маленко по петти пат стапи во брак. Информацијата со неговата нова избраничка, инструкторката по пливање Метка Спаравец ја соопштија на социјалните мрежи.
Претходно тој беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, русинката Татјана Михалова Фјодорова, актерката Јелена Жугиќ и охриѓанката Фани.
Информацијата предизвика лавина од реакции на Твитер, а еве дел од твитовите:
Маленко на прв дејт оди со прстен
— Mаринче 🖤 (@marincencence) October 12, 2021
Маленко пак се женил, а ти уште не си ми пишал.
— Приказна (@Prikazna1) October 12, 2021
Замисли да си му кум на Маленко, секоја година свадба ќе банкротираш
— Кичеецот (@unitedforever08) October 12, 2021
Повеќе свадби има направено Маленко сам него ли цело Пехчево до сега
— Pindar (@kurka_32) October 12, 2021