еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во првиот круг дури 60.773 неважечки гласачки ливчиња

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2.659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2.020.

Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница, по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.

На првиот круг од локалните избори вкупно гласале 848.104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1.824.864 гласачи во Единствениот избирачки список.

На првиот круг од локалните избори во 2017 година имаше 44.481 неважечко ливче, а на изборите во 2013 година 38.787 неважечки ливчиња.

На парламентарните избори што се одржаа во 2020 година, пак, имаше 31.564 неважечки ливчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова средба на Сиљановска Давкова и Радев, во Баку

Редакција

Одлука за влез на Алтернатива во Владата засега нема: Заев и Гаши ќе ги продолжат разговорите следната недела

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе жалба за Талир 2 откако ќе ја добие пресудата

Редакција