еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Мора да испорачаме за Македонија и Албанија пред крајот на годинава, вели еврокомесарот за проширување Вархеји

Еврокомесарот за проширување ги презентираше извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците и повика итно да започнат преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи политичкиот дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на Македонија

Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Македонија: МИА објави дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на земјава

Како што стои и во самите извештаи на Европската комисија оваа година, еврокомесарот Вархеји пред европратениците од Комисијата за надворешни работи повтори дека одлагањето на преговорите со Северна Македонија, и со Албанија, е штетно за кредибилитетот на Европската Унија.

-Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема, за сега не бевме успешни, но имаме надеж, до крајот на оваа година мораме да испорачаме, не смее ова да се доведе во прашање, и на нас е да испорачаме, кога велам нас, мислам на сите земјите членки на ЕУ, мислам и на Северна Македонија, која е партнер во ова, патував во двете престолнини и сѐ уште сум подготвен да помогнам, но може ова да бара поголема посветеност, изјави Вархеји во Европскиот парламент денеска.

Тој додаде дека со оглед на изборните циклуси во Бугарија и во Северна Македонија овој период не помага, но дека оваа сложувалка мора да се надмине.

Вархеји ги повтори заклучоците од извештајот за Северна Македонија дека земјата покажала одлучност и истрајност во реформите вклучително и владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и дека ова треба да продолжи, со дополнителни напори за реформата на јавната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување Вархеји против одвојување на Македонија и Албанија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од една четвртина од населението: Поради војната 10 милиони Украинци ги напуштиле домовите

Редакција

(Фото) Први ќе се вакцинираат лица над 75 години: Преку КОВАКС пристигнаа првите вакцини од „АстраЗенека“

Редакција

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгаси цигарата

Редакција