еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постои политички притисок врз колегите од македонскиот дел од Комисијата, тврдат од бугарскиот тим

Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

-До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Димитров.

Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии.

Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година.

Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Димитров рече дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема решенија и на новиот состанок поради бугарското инсистирање на нивното гледање за минатото, велат од македонскиот тим на Комисијата

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од заедничката Комисија со Бугарија, ги повика и другите членови да не си ја „виткаат кичмата“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пред Собранието и денеска протест: Девојка симната од бината зашто извика „Јас сум за НАТО“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра

Редакција

(Фото) Зградата на општина Велес стана енергетски ефикасна

Редакција