еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Конечни резултати од ДИК: Избрани градоначалници на 32 општини, во вториот круг ќе се гласа во 44

Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини.

Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија (ДИК) во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за таа потоа да го извести Собранието, кое треба да распише нови избори за овие две општини.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, како дел од известувањето за конечност на резултати од гласањето за избори на членови на совет на општините на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје одржани на 17 октомври овој месец.

На локалните избори што се одржаа на 17 октомври 2021, градоначалници беа избрани во вкупно 32 општини, а конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, од ДИК најавија дека ќе ги објават во текот на денот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Даштевски посочи дека очекува да се надминат проблемите со апартите за отпечаток од прст, што ги имаше во првиот круг.

– Тоа што е до квалитетот не можеме да гарантираме. Во смисла што имаме и друга постапка, замена за тоа во избирачкиот список каде што не може да се утврди квалитетот. Меѓутоа, уште не сме се договориле за акцискиот план, како тоа ќе го правиме во понеделеник, како да го организираме тоа. Обуките почнуваат од понеделник и ќе биде неспоредливо поефикасно од првиот круг, посочи тој.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ, а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Душко Чифлиганец на EqualXChange конференцијата: „Мое златно правило е секогаш да се опкружувам со попаметни луѓе од мене“

Редакција

Алијанса за Албанците нема да биде дел од Владата

Редакција

Инспектори ги „чешлаат“ болниците за околностите под кои одредени пациенти болни од Ковид-19 починале

Редакција