еМагазин
Image default
Македонија

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место број 0543, и таму ќе се изврши прегласување.

-Приговорот на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик, се уважува.

Се поништуваат резулатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место бр.0543 на Локални избори 2021 година, стои во соопштението од Управниот суд.

Како што информираат оттаму, оспореното Решението на Државната изборна комисија (ДИК) се поништува и се одлучува да се уважи приговорот на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик.

Одлуката се однесува на жалбата на АА и Алтернатива која бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден, бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на Изборниот одбор.

Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од Општинскиот изборен комитет Дебар, но продолжил да ја врши функцијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски со Османи и Маричиќ денеска на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел

Редакција

Во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес од 25 мај ќе се отвори пункт за вакцинација

Редакција

Заев: Дел од визијата на Трајковски денес е исполнета

Редакција