еМагазин
Image default
Македонија

Во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес од 25 мај ќе се отвори пункт за вакцинација

Од 25 мај во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес ќе биде отворен пунк за масовна вакцинација против Ковид-19, а кој освен за жителите од Општината ќе биде наменет и за жителите од Градско,Чашка, Лозово и Свети Николе.

– Имунизацијата ќе се спроведува во 15 паравани и еден параван за итна медицинска помош, а за вакцинацијата ќе бидат задолжени осум доктори и 30 медицински сестри од ЈЗУ Здравствен дом Велес, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој информира дека во опремувањето на вакциналниот пункт, покрај Општина Велес, ќе учествува и бизнис заедницата. На денешната средба што ја остварија со градоначалникот тие изјавиле дека безрезервно ја поддржуваат иницијативата за отворање на пункт за масовна вакцинација во Велес.

Во подготовката и опремувањето на пунктот, дел од нив ќе се вклучат со опрема, дел со финансиски средства и волонтери.

-Исклучително сум задоволен од претставниците на бизнис заедницата од нивниот однос на нашата покана и на поканата на државата, односно Министерството за здравство да се вклучат со помош и поддршка за отворање на вакциналниот пункт во Велес.

Јас сум исклучително среќен заради тоа, велешани уште еднаш ја покажуваат својата општествена одговорност и подготвеност да помогнат тогаш кога е најтешко иако тие и досега многу помагаа на јавните здравствени установи особено изминатата година кога се справувавме со последиците од пандемијата, потенцира Коцевски.

Вакцините ќе ги обезбеди Министерството за здравство, а покрај здравствените работници кои ќе бидат вклучени во имунизацијата на граѓаните, помош и поддршка ќе дадат и волонтерите од Општинскиот Црвен крст.

Градоначалникот Коцевски, кој информира дека вчера се вакцинирал на пунктот во Кавадарци, ги повика граѓаните без размислување да се вакцинираат, затоа што само така ќе го заштитат сопственото и јавното здравје.

Тој појасни дека се очекува до 20 мај вакциналниот пункт да биде подготвен за имунизација, а кога ќе се направат и првите пробни вакцинирања.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранимир Јовановиќ: Оваа Левица е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка

Редакција

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

Редакција

Поради изолација на еден од обвинетите одложено рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Редакција