еМагазин
Image default
Македонија

Поради изолација на еден од обвинетите одложено рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од Ковид -19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се одлага по добиено известие од Затворската управа дека еден од обвинетите е во изолација согласно протоколите за заштита од Ковид-19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

Следното рочиште, информираат од Судот, е закажано за 22.09.2021 година во 11:00 часот, а  определени се и термини за продолжување на расправата на 28.09, 6.10, 14.10, 15.10 и 21.10, 2021 година сите во 10 часот, за што веќе се известени странките во постапката.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 во затвор се заразил со Ковид-19, ставен е во изолација

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Референдум за името: Кој се може да гласа?

Редакција

Уставниот суд денеска ќе одлучува за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција