еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Референдум за името: Кој се може да гласа?

Денеска во Македонија се одржува референдум на којшто граѓаните треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Кој може да гласа?

Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично.

По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.

Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студенска легитимација и друго.

Според упатствата на Државната изборна комисија (ДИК), при утврдување на личниот идентитет, гласачот е должен пред избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација.

Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од Избирачкиот список.

Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во Избирачкиот список.

Се гласа зад параванот за гласање, со заокружување „за“ или „против“ исклучиво со хемиско пенкало во сина боја. Доколку гласачот погреши нема да добие друго гласачко ливче. Превитканото гласачко ливче се става во гласачка кутија. Не смее да се дозволи гласачот да го напушти гласачкото место без да го остави ливчето во кутијата.

Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач освен во случај кога на гласачот му е потребна помош. Лицата со физички недостаток и неписмените според Изборниот законик имаат право со себе да повикаат лице кое ќе им помогне при гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Референдум за името: Како се бројат гласовите

Македонија гласа за промена на името и членство во НАТО и ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои ќе бидат другите кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Во Куманово повторно се отвара модуларната болница, зголемен бројот на хоспитализирани на кислородна поддршка

Редакција

Кој е полицискиот службеник кој даде подршка за нападот на Хамас на Израел, а МВР покрена дисциплинска за него

Редакција