еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Италија забрани туристички патување за македонските граѓани, ја премести Македонија од Д во Е листата

Министерство за надворешни работи информира дека со најновата одлука на италијанските власти, Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Македонија во Италија.

„Притоа на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби, апсолутна итност, здравствени потреби, потреби за студирање, враќање во својот дом или живеалиште.

Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Северна Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството.

При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест, покрај што сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена.

По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест,“ се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска ги олесни ковид-правилата за влез на македонските државјани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотел „Мизо“ во Охрид нуди бесплатно сместување за семејства од погодените подрачја од земјотресот во Албанија

Редакција

Нови 108 случаи на Ковид-19 од 1.411 тестови

Редакција

Абрамович го тужи Советот на ЕУ поради санкциите

Редакција