Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмладото на 36-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 13 лица
Убава вест: 308 оздравени од Ковид-19
Фото: МЗ