еМагазин
Image default
Македонија

Оставката на Заев вонредна вест во Грција

Оставката на Зоран Заев и од премиерската функција и од позицијата претседател на СДСМ, од доцна синоќа е меѓу главните вести во медиумите во Грција, кои ја пренесуваат информацијата, без дополнително да анализираат или коментираат, јави дописничката на МИА од Атина.

„Оставка на Заев по големиот пораз на локалните избори“; „Зоран Заев: Следниот ден во Северна Македонија по оставката – „Не“ за предвремени избор“; „Северна Македонија: Зоран Заев си поднесе оставка“, се дел од насловите во грчките медиуми.

Поголемиот дел го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека во вчерашниот втор круг од локалните избори „партијата на Зоран Заев претрпе голем пораз“ и додава дека „големиот победник на локалните избори беше десничарската опозиција ВМРО-ДПМНЕ“.

-Оставката на Зоран Заев од премиерската функција, сепак не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Самиот Заев во изјавата за оставка повтори дека актуелната влада има уште две и пол години за да го заврши својот мандат и треба да продолжи со својата работа, пишува АНА-МПА.

Ги објаснува можните сценарија и додава дека „сигурно е дека од денеска Северна Македонија има Влада во оставка“.

Информативниот портал „Етнос“, исто така ја пренесува изјавата на Заев дека не се потребни предвремени избори, но пишува и што предвидува Уставот во случај на оставка на премиерот.

Дел од онлајн изданијата на медиумите, како и информативните портали, доцна синоќа веднаш по прес конференцијата на Заев, како вонредна вест, информираа за неговата оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Зоран Заев: Првата девојка ми беше од ВМРО-ДПМНЕ„: Твитер реакции за оставката на премиерот

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Арсовска, прогласена за „Бугарка“, стана градоначалник на Скопје, Заев поднесe оставка: Бугарските медиуми за изборите во Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Комисија за неколку дена ќе почне да користи новото име „Северна Македонија“

Редакција

Двајца охриѓани повредени во Црна Гора откако во нив удрил белграѓанин кој со голема брзина прегазил шестмина пешаци

Редакција

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Редакција