еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре, ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Утре, најдоцна до 14.30 часот, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата, соопшти денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Toj рече дека прво ќе се почека премиерот Зоран Заев да го исполни ветувањето и да ја достави најавената оставка.

Мицкоски ги повика и останатите пратеници, покрај оние 61, кои, како што напомена, се веќе дел од мнозинството, да им се придружат.

-Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба.

Тука не постои политичка партија, туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, по поднесувањето на иницијативата, процедурата ќе биде во рацете на претседателот на Парламентот, кој треба да ги почитува постапката и роковите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе одлучи денеска ДУИ на Генералниот совет на партијата

Дел од пратениците за гласање на недоверба на Владата се злоупотребени и не се информирани со кои други партии имаат „заедничка цел“, вели Митрески

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата да направи се платите на функционерите да останат на нивото како досега, бара Пендаровски

Редакција

Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Редакција

Убава вест: 348 оздравени од Ковид-19

Редакција