еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот ковид-центар

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен.

Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.

Штипскиот ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти.

Во штипскиот ковид центар има шест слободни болнички кревети.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Редакција

Починаа уште 22 лица од Ковид-19, меѓу нив скопјанец на 44 и дебарчанец на 43 години

Редакција

(Видео) Тамара со прекрасен настап заслужено се пласира во финалето на Евровизија

Редакција