еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Ковид-19 активни 1.068 малолетници, од 5.000 тестирани ученици само 15 биле позитивни

На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1.068 активни случаи со Ковид-19. Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца, само две се на кислородна поддршка и ниту едно не е во критична состојба, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека во овој Институт е хоспитализирано и двомесечно бебе.

– Во однос на бројот на прегледи нема некое значајно отстапување. Има сосема лесно зголемување на бројот на деца кои се јавуваат на преглед, нагласи Филипче.

Во врска со скринингот на учениците, Филипче посочи дека тој е завршен во најголемиот број од училиштата во државата.

– Тестирани се над 5.000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително битно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела раст од дури 33% на заболени со Ковид-19 кај децата до 9 години

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Плата не исплатиле 245 работодавачи кои зеле помош од државата за работниците

Редакција

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро кај Трпејца

Редакција

Израел пушти вода во Појасот Газа

Редакција