еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неколку пратеници ги повлекоа потписите: Поднесен нов ревидиран список со барање за гласање недоверба на Владата

Во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот список е доствен до собраниската Архива и на него, како што наведуваат, од тактички причини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на претходната листа. Очекуваат утре да има седница на Собранието и да и биде изгласана недоверба на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) До Џафери пристигна барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници

Засега нема официјална потврда кои пратеници не се на новиот список, но дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека станува збор за двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов.

Повлекување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот за поднесување иницијатива за гласање недоверба на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави Реџепи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник, од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица.

Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

Редакција

Убава вест: Оздравени 290 болни од Ковид-19

Редакција

Србија: Пораките на Курти, Македонија да се приближи на Косово, а да се одалечи од Србија се безобразлук

Редакција