еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави Реџепи

Во координација со ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваме нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, од кого зависи дали ќе има „уривање“ на Владата

Тој оценува дека е политичка, а не правна вчерашната изјава на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ако се повлече сега барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба

– Џафери може да дава политички изјави, но таа не е правно издржана. Неговата изјава правнички ќе се толкува. Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи, изјави Реџепи за „Слободен печат“.

Претседателот на Собранието Џафери вчера во гостување на ТВ21 изјави дека веќе е закажаната седница за доверба на Владата и дека ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Владата, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не се изгласа недоверба на Владата, наредните три месеци не може повторно да се гласа, вели Џафери

Реџепи од Алтернатива пак се предомисли, ќе гласа против Владата

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со голема забава се прослави 30. роденден на Виталиа

Редакција

Софија обвинува за репресија на Бугарите во Македонија

Редакција

Трет случај на конго кримска хеморагична треска, заболен е 42-годишен маж од Велес

Редакција