еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Што велат научниците: Дали се можни долготрајни последици по примање на вакцина против Ковид-19?

Водечките имунолози во Германија, главно ја исклучуваат можноста за заболување неколку години по вакцината примена против Ковид-19, пишува Дојче Веле.

Телото реагира на вакцината веднаш или неколку недели подоцна и тогаш може да се развијат реакции или евентуално несакани последици

Според мислењата на имунолозите, долгорочните несакани појави, за кои скептиците стравуваат дека настануваат со години по првото вакцинирање, не се можни, но не се познати ниту кај другите типови на вакцини.

Имајќи предвид дека телото брзо реагира на вакцината, тоа не може да предизвика никакви дополнителни реакции.

Реакциите на вакцината обично се јавуваат брзо по вакцинацијата и може да траат неколку дена. Вообичаените симптоми се болка на местото на убодот, главоболка и зголемена температура. Овие реакции на телото укажуваат дека имунолошкиот систем се бори со вакцината.

Нуспојавите пак се појака реакција на вакцината. Тие се „непосакувана реакција на телото на вакцината, која се јавува со нормалната реакција,“ вели за Дојче Веле, Кристине Фалк, претседателка на Германското имунолошко друштво и професорка на Институтот за трансплантациона имунологија во Хановер.

Овие нус појави се посериозни од вообичаените реакции на вакцината и во најлош случај, може да доведат до оштетувања кои имаа долгорочни последици по здравјето. Ретки нуспојави како тромбоза на синусна вела или миокардитис веќе се откриени кај вакцините против ковид.

Имено, долгорочните последици не можат да се одвојат од нуспојавите на вакцинирањето.

Имунологот Карстен Вацл објасни дека тоа се нуспојави кои се јавуваат само кај едно од милион лица, и таа поврзаност е видлива откако се вакцинирани неколку милиони луѓе.

Предноста на вакцината против Ковид-19 е во тоа што денес во светот се вбризгани повеќе од 6,8 милијарди дози, и ретките нус-појави може брзо да се увидат.

„Имајќи предвид дека толку многу луѓе се вакцинирани, а многу добија вакцини пред неколку месеци, сега сигурно знаеме кои нус-појави се возможни,“ вели имунологот Рајнхолд Ферстер.

Познати и многу ретки нус-појави на вакцината протоив корона кои Институтот „Пол Ерлих“ ги наведува во извештајот се миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, и перикардитис-воспаление на срцевата обвивка.

Пријавени се и анафилактички реакции, тромбоза (синусна вена), Гилен-Баров синдром и тромбоцитопенија.

Сите овие нус појави се толку ретки, што ризикот од зараза и тешко заболување од короната е повеќекратно зголемено од ризикот од нуспојави.

Дојче Веле/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До четврток жолта (алертна) фаза, температури и до 40 степени

Редакција

Петличковски објаснува за постковид компликациите и за шансите за заразување со Ковид-19 во такси возило и маркет

Редакција

(Видео) Паричката во фамилијата на Мицкоски кај мајка му

Редакција