Секако дека пратениците се за една влада, која негува европски и евроатлантски вредности, така што, срцето на господинот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел. Јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука, изјави попладнево пред Собранието, пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми.
Прашан дали имале контакт со пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, Адеми рече „не“, но не одговори на прашањето „колку пратеници стојат зад владата“.
Претходно, седницата за гласање доверба на Владата беше прекината, поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред и како што соопшти потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели дополнително ќе информира во текот на денов кога таа ќе продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите
Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави
МИА/Фото: Влада