еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Парламентарното мнозинство е стабилно и ќе расте, притисок врз Реџепи вршела опозицијата, велат од СДСМ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески попладнево изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе расте. За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека според информациите со кои располага, притисок врз него вршела опозицијата, а не власта.

– Имам обратни информации од она што го споделува опозицијата, а тоа значи дека притисоците кон него, се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и токму да каже што е она што му се случувало. Знам дека тој е пратеник кој е за европскиот пат и за европската иднина на државата, рече Митрески.

За случувањата во Собранието, како што рече Митрески, виновен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ја излажал јавноста дека има 61 пратеник.

– Сето ова што се случува во Собранието е резултат на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Тој ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и за гласање недоверба на Владата.

Токму за ова Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста на друг, истакна Митрески.

За собраниската седница и што ќе се случува вечерва, Митрески рече дека се во постојана координација и дека според Деловникот за работа на Собранието, седницата може да трае до полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Касами пријави во МВР дека пратеникот на Беса, Реџепи е исчезнат

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Кој дојде на седницата на Централниот одбор на СДСМ?

Редакција

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Редакција

Поранешниот австриски канцелар Курц обвинет за лажно сведочење пред Парламентот

Редакција