По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар.
Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на 73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино.
Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката.
Безживотното тело е пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.