еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска препорачува финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт

Државната изборна комисија (ДКСК) на денешната седница ги усвои препораките да се изврши финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт, но и директорот на Агенцијата да овласти други државни службеници од вработените, да вршат инспекциски надзор во националните спортски федерации, бидејќи во моментов во Агенцијата работат само двајца инспектори.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев на седницата препорача да се побара од Државниот завод за ревизија да изврши финансиска ревизија на Агенција за млади и спорт, но и продолжена ревизија на федерациите кои добиле најголем износ на средства за користење на ваучери, како и на неколку други федерации, за кои во меѓувреме додека постапувале по предмет, добиле приговори или пријави од спортските клубови околу самото трошење на средствата, односно неправилности во користењето на ваучерите.

-Вториот предлог на ДКСК е за Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт дека со послдната измена на Законот за спорт и начинот на избор, без притоа да бидат наведени никакви критериуми кој може да биде член на оваа Комисија, упатува на сомнеж дека е можно да се врши и политизација при одлучување, бидејќи согласно Закон, сега членови директно ги предлага Влада, а Агенција за млади и спорт ја формира Централната комисија, рече Георгиев.

Тој предложи и во претстојниот период да бидат побарани дополнителни податоци, но и соодветен инспекциски надзор внатре во работењето на самата Централна комисија на Агенција за млади и спорт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Со 3.300 повеќе вработени во администрацијата, се покажа заевизмот на дело

Редакција

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

Редакција