еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ако Софија каже „не“ за ЕУ и по изборите, полскиот претседател лично ќе се заложи да се реши прашањето

Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно каже „не“ за влезот на Северна Македонија јас лично ќе истапам и ќе се заложам за изготвување документ за полесно да се справите со прашањето за влез во ЕУ, вели полскиот претседател Анджеј Дуда.

-Република Бугарија е се уште во изборен процес и се уште новата влада таму не е формирана и се очекуваат во наредниот период резултати од целиот тој изборен процес.

Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ.

Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже “не“ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски со првата дама го пречека полскиот колега Дуда

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонката Сара Цветкова e победник на глобалниот натпревар на ФАО за цртеж кој повикува на заштита на пчелите

Редакција

Пратениците од денеска на работа

Редакција

ЈП Водовод Куманово склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 1,1 милион евра

Редакција