еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер.

Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.

„Органите и телата на партијата ќе го кажат тоа. СДСМ нема донесено одлука. Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар затоа што во тој случај и одговорноста и легитимитетот е комплетен,“ рече Заев.

Нагласи дека останува на неговата јавна објава за оставка и од функцијата претседател на Владата и лидер на партија и дека ќе ги депонира оставките до надлежните институции веднаш штом биде осигурно парламентарното мнозинство.

„Ако се гледа како се поставките по Устав, до 14 декември не се стига за изборот на нова влада и нов мандатар. Логично е СДСМ да го искористи овој период и да го избере својот претседател. Затоа ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата.

Зборот е збор и ќе се радувам да дочекам ваква големина и даден збор од други политичари. Ако се успее во целиот овој период, а верувам дека може, СДСМ да има избрано претседател, тој би требало да биде идниот мандатар односно да предложи нова Влада. Кога имате нов мандатар, треба да имате и нова влада, а не реконструкција на влада,“ нагласи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитар Ковачевски не е новиот мандатар, на средбата со Гаши присуствувал како член на Извршниот одбор, вели Заев

Одлука за влез на Алтернатива во Владата засега нема: Заев и Гаши ќе ги продолжат разговорите следната недела

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични пријави за перење пари за градоначалникот на Општина Петровец и други физички и правни лица

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

Редакција

Антикорупциска бара истрага за договорите на водителката Ејупи со 4 општини и Државното правобранителство

Редакција