еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитар Ковачевски не е новиот мандатар, на средбата со Гаши присуствувал како член на Извршниот одбор, вели Заев

Во однос на информациите објавени во дел од медиумите дека Димитар Ковачевски ќе биде новиот лидер на СДСМ и новиот мандатар, премиерот Зоран Заев рече дека претстои процес на избор од страна на членството на СДСМ и оти партијата преку непосредни избори ќе одлучи кој ќе биде идниот лидер.

За денешното присуство на Ковачевски на состанокот со Алтернатива, Заев рече дека тој е член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на партиската Комисија за финансирање и буџет, како и докажан кадар кој комплетно е подготвен да помогне во денешните разговори.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши прашан колку за неговата партија е прифатливо да има нов мандатар и комплетно нова влада, рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на партијата и оти очекува идниот наследник на Заев да го продолжи континуитетот на разговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлука за влез на Алтернатива во Владата засега нема: Заев и Гаши ќе ги продолжат разговорите следната недела

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

МИА/Фото: Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За надоместоци на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс лани исплатени 13, 8 милиони денари

Редакција

Како гром од ведро небо не удри веста, вели таткото на Ламбе Алабаковски

Редакција

Цената на бензините останува иста, на дизелот се зголемува за еден денар

Редакција