еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на бензините останува иста, на дизелот се зголемува за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 %.

Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ не се менуваат, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Оттука „Еуросупер БС-95“ ќе се продава 95 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ за 97 денари за литар, дизелот за 86 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот за 3,943%, кај екстра лесното масло за 3,308% и кај мазутот зголемувањето е за 1,135%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Jumbo во Скопје почна со работа

Редакција

Законот за амнестија нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите и непотребно е да се носи, смета Спасовски

Редакција

Амнести интернешнел: „Колективното казнување“ на цивилите во Газа од страна на Израел е воено злосторство

Редакција