еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утре почнува транспортот на повредените во несреќата во Бугарија, преносот на посмртните останки на починатите наредната недела

Повредените во автобуската несреќа се во добра и стабилна здравствена состојба. Првите двајца ќе бидат пуштени утре, на 27 ноември, други двајца на 28 ноември, уште двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што рече Османи на прес-конференција во Владата, повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување.

За преносот на посмртните останки, акциски план ќе треба да изготви Работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи.

– Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите. Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки.

Денеска имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, подвлече Османи.

Подготвени сме, додаде, за сите аспекти за пренесување на повредените и на посмртните останки на настраданите.

– Породолжуваме со комуникацијата со бугарските власти. Амбасадата во Софија ќе ги преземе сите процедури за олеснување на постапката. Во наредните денови ќе информираме за точниот датум и за движењето на преносот на посмртните останки, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусот на „Беса транс“ бил стар 14 години, за две години над 130 пати минувал граници

Државниот инспекторат за транспорт се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинетот на Иванов реагира на исказот на Младеновски за случувањата од 27 април

Редакција

(Фото) Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник: 25.000 учесници во Бадниковите поворки

Редакција

Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција