еМагазин
Image default
Македонија

За пет места, осум кандидати за нови обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

За пет нови места за обвинители во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители доставени се осум кандидатури.

Конкрусот официјално, како што велат од Советот на јавни обвинители за МИА, вчера е завршен и во следниот период ќе бидат разгледени кандидатурите.

Во април годинава Советот на јавни обвинители донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром руши рекорди, надмина 800 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Вчера се аплицирани 17.521 вакцини

Редакција

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Редакција