еМагазин
Image default
Македонија

За нас е прифталив секој мандатар кој ќе го предложи СДСМ, се надеваме на соработка со Алтернатива и на локално ниво, вели Груби

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека ДУИ смета оти Зоран Заев треба да остане на позицијата премиер додека да се стабилизира парламентарното мнозинство, да заврши процесот на реконструкција на Владата и секако за да се решат клучните стратешки прашања.

Сепак, додава тој, за ДУИ е прифатлив и друг мандатар, кој ќе го предложи СДСМ.

– Зошто не би бил прифатлив нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на СДСМ, кого и да изберат тие за претседател, кого и да го предложат за мандатар секако, изјави денеска Груби, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со влегувањето на Алтернатива во Владата и прераспределбата на министерствата, а на прашањето зошто ДУИ отстапила толку важни позиции, Груби нагласи дека при услови на преговарања меѓу постоечките коалициски партнери и нови коалициски партнери коишто ќе дојдат, „сите отстапуваат места коишто ги имаат дотогаш“.

– Ние всушност во Владата отстапивме од Министерството за информатичко општество и администрација, но го добивме ресорот земјоделие, којшто е многу голем и каде што имаме многу, многу значајни проекти, коишто ги имаме зацртано во нашата програма и за коишто ни е многу значајно да ги имплементираме, посочи Груби.

Тој најави дека деновиве ќе се разговара за соработката со Алтернатива на локално ниво и изрази надеж дека таква соработка ќе има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

ДУИ беше целосно информирана и координирана за разговорите Заев-Гаши, тврди Османи

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 347 случаи на Ковид-19 од 2.013 тестирања

Редакција

Потерница за Никола Груевски

Редакција

Расправа за уставните измени: Се бараше чаре за потписот на претседателот Ѓорѓе Иванов

Редакција