еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарите се налутија за честитката за Св. Климент Охридски од руската Амбасада во Скопје

Бугарите се налутија за честитката за денот на Св. Климент Охридски од руската Амбасада во Скопје.

Истата според бугарскиот професор Пламен Павлов е уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен, објави агенцијата БГНЕС.

Реакцијата на Павлов, кој според агенцијата, е еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, следи по честитката од руската Амбасада во која пишува дека Св.Климент Охридски бил „голем просветител, прв словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазик”.

Во текстот на агенцијата се наведува и дека руската Амбасада во Софија никогаш не ѝ го честитала овој празник на Бугарија и на бугарскиот народ.

Павлов ја осуди и честитката на премиерот Зоран Заев по повод празникот, кој напиша дека „Свети Климент е жив споменик на нашата историја и основоположник на Охридската школа, позната и како прв балкански и европски универзитет“.

Според професорот, Заев не спомнал дека ликот и делото на Свети Климент Охридски се барем заеднички со Бугарија и дека е важен за бугарската историја и култура.

„Не помалку за осуда е и изјавата на премиерот Заев, бидејќи во деновите кога самиот тој дава индиции дека се бара помирување со Бугарија, дека се бара заеднички јазик со Бугарија, всушност покажува дека не се бара заеднички јазик и дека се продолжува со јазикот на лагите и бугарофобијата”, вели Павлов.

Според професорот, сите историски извори, житија и други документи говореле за неговата бугарска припадност, а во сите документи Климент бил нарекуван чувар на бугарската духовност.

По повод празникот амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин вчера положи венец пред споменикот на Св. Климент Охридски во Народната универзитетска библиотека во Скопје.

Фото: Руска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вторник и среда дожд и снег, од утре минусни температури

Редакција

(Галерија) Берза на винили: Плочите се вратија на голема врата

Редакција

Антикорупциска ја прекинува постапката против министерот Манчевски

Редакција