еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Протест на ССМ: Работниците побраа поголема минимална плата, недела неработен ден и регрес за сите работници

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

ССМ бара од пратениците да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор, измена и дополнување на Законот за минимална плата, потпишување на Општ колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски испрати порака до пратениците во Собранието, дека не може вторпат да не го усвојат законското решение за недела неработен ден.

– Деведесет и два проценти од работниците денеска требаше да одмораат, а останатите осум отсто да земат минимум зголемена дневница од 50 проценти. Затоа ги повикувам веднаш да влезат во пратеничките клупи и да го изгласаат ова законско решение од кое ние работниците ќе имаме голем корист, порача Димовски.

Тој потсети и на барањата за зголемувањето на минималната плата. Поради ценовните шокови на прехранбените продукти, Димовски истакна дека минималната плата треба да изнесува 60 проценти од просечна плата, односно 18.000 денари.

– Исто така, потребно е и останатите плати да растат, бидејќи се зголемија животните трошоци и затоа е неопходна примената на Колективните договори по сектор или гранка, со цел да не дојде до израмнување на платите, истакна претседателот на ССМ и додаде дека од 30.000 работници со минимална плата, бројката сега достигнала до 110.000 и побараа исплата на регрес за сите работници.

Додека синдикалните работници го продолжија протестот кон Организацијата на работодавчи на Македонија и Стопанската комора на Македонија, претседателот на ССМ беше примен во Собранието.

По средбата со пратениците кои беа присутни во законодавниот дом, Димовски соопшти дека добиле ветување оти недела неработен ден ќе биде изгласан наредната недела и законското решение за сите работници кои ќе одмораат или ќе работат во недела ќе почне да важи од 1 јануари.

– Имаме гаранција, имаме решение, ќе седнеме и ќе разговараме со цел да се донесе и законското решение за зголемување на минималната плата, барем до јануари 2022 година, додаде тој.

Синдикалците потоа се упатија кон Владата, каде го доставија барањето за исплата на регрес на сите работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Со ССМ се договоривме да најдеме решенија за повисока минимална плата и за унапредување на работничките права

МИА/Фото: ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97

Редакција

(Аудио) „Има два авиони Шиптари слетуваат во 16.30, да направите сообраќајна несреќа кај Пресека“: „Бомба“ за Јанакиески и Николовски

Редакција

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција